Оланд и Меркел попладнево во Киев, а утре во Москва

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд на својата редовна шестмесечна конференција за печатот најави дека попладнево заедно со германската канцеларка Ангела Меркел ќе заминат во Киев со нов предлог за решавње на конфликтот, јавува дописникот на МИА од Париз.

– Попладнево ќе заминеме во Киев со канцелраката Меркел, со нов предлог за решавње на конфликтот со зачувување на територијланиот интегритет на Украина, рече Оланд пред новинарите во Елисејската палата.

Тој притоа појасни дека попладнево ќе разговараат со претседателот на Украина, Петро Порошенко, а утре ќе заминат во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин. Според Оланд, „нема време за губење“ и потребно е Франција да преземе иницијатива.

Во однос на ситуацијата со Грција, францускиот претседател рече дека „ситуацијата е позната од пред четири години“ и според него, „штедењето кое му беше наметнато на грчкиоот народ“ довело до негово отфрлање, но не и до отфрлање на еврото и на Европа.

Улогата на Франција е да се најде договор за почитување на гласањето на грчкиот народ, но и за почитување на обврските преземени од Грција, нагласи Оланд.

Оланд истакна дека Франција може да го зачува своето единство и својот ранг во светот само ако е економски силна, посочувајќи ги реформите кои ги спроведува неговата Влада.

Осврнувајќи се на терористичките напади на кои беше изложена Франција од почетокот на годинава, шефот на француската држава предупреди дека терористичките закани се уште се присутни.

– Франција на почетокот од годинава беше нападната во најсветото: слободата на изразување, Републиката и човековата еднкавост, рече Оланд. Според него, Франција на овие напади реагирала со достоонство и единство на Републиката.

Францускиот претседател сака да го продолжи духот од јануари 2015, тоа што го претставува „единството на Републиката“, зборувајќи за масовните собири на Французите по атентатите.

Би можело да ве интересира

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат