Оланд и Камерон: Предлозите на ЕС за избегнување на Брекзит се солидна база за преговори

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон и францускиот претседател Франсоа Оланд сметаат дека предлозите на Европскиот совет, кои имаат цел да се избегне излегувањето на Велика Британија од Европската унија, претставуваат солидна база за преговори, изјави портпаролот на Камерон во Лондон, по ненадејната посета на британскиот премиер во Париз на разговори со Оланд.

Тој нагласи дека двајцата лидери се согласуваат дека добро се напредува по прашањето за предоговарање на членството на Велика Британија во ЕУ и оти спогодбата претставена од Европскиот совет е солидна база за постигнување на спогодба на самитот оваа недела.

Претставник на кабинетот на Оланд по средбата изјави дека Франција сака спогодба за избегнување на Брекзит, но смета дека има да се завршат уште многу работи, особено во однос на економското управување со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ