Оксфам: Да се воведе данок за најбогатите луѓе поради заработка за време на пандемијата на Ковид-19

Од:

Британската хуманитарна организација Оксфам повика на итна акција за борба против глобалната економска нееднаквост во ерата по Ковид-19, откако беше утврдено дека две третини од новото богатство стекнато од почетокот на пандемијата отишло во рацете на еден процент од најбогатите луѓе во светот.

Во извештајот, чие објавување се совпаѓа со годишниот собир на светската елита на Светскиот економски форум во Давос кој почнува денеска, Оксфам наведува дека најбогатите собрале дополнителни 26 трилиони долари на крајот на 2021 година, јави „Гардијан“.

Тоа претставувало 63 отсто од парите од вкупното новостекнато богатство, додека остатокот отишол во рацете на 99 отсто од населението на планетата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ова се симптомите на новиот вирус „Кракен“, СЗО верува дека е најзаразен вид на Ковид

А1он

Прв случај на пациент со тројна вирусна инфекција во Романија

Патниците од Кина ќе мора да имаат негативен тест за Ковид за да влезат и во Германија

А1он

Шведска ќе бара негативни тестови за Ковид од патници кои доаѓаат од Кина

А1он

ЕУ ја потврди својата подготвеност да и помогне на Кина да ја спречи епидемијата на Ковид

А1он

Пекинг се закани дека ќе возврати на ковид-ограничувањата за патниците од Кина

А1он