Речиси 300.000 лица се погодени од јунски обилни дождови и поплави, во кинеската област Внатрешна Монголија, соопштија денес локалните власти.
Според податоците на локалниот штаб за цивилни работи, вкупниот број на погодени од временските непогоди изнесува 293.000.
Уништени се околу 97.500 хектари земја, 247 куќи се сериозно оштетени, а неколку илјади домашни животни се убиени.
Најтешко е погоден градот Чифенг, а материјалната штета се проценува на 70 милиони долари.
Елена Георгиевска