Околу 120.000 домаќинства во Париз ноќеска кратко време останаа без струја

Од:

Околу 120.000 домаќинства во Париз останаа без струја поради дефект на електричен трансформатор на електродистрибутерот Енедис, соопшти Одделот за пренос на електрична енергија (РТЕ).

„Синоќа околу 22:15 часот снема струја во третиот, четвртиот и петтиот арондисман на Париз. Дефектот е отстранет околу 23:00 часот и дистрибуцијата на електрична енергија продолжи нормално“, напиша канцеларијата за односи со јавноста на РТЕ во објава на Твитер, пренесуваат британските медиуми.

Портпаролката на компанијата Енедис изјави дека дефект на трансформаторот предизвикал прекин во преносот на електрична енергија.

Таа додаде дека дефектот не е поврзан со најавената „вежба за намалување на оптоварувањето со електрична енергија“ што денеска ќе ја спроведат „Енедис“ и „РТЕ“ за да се подготват за можни контролирани прекини на струја поради недостиг на пазарот.

Француските министри претходно предупредија на можни прекини на електричната енергија, доколку дојде до недостиг на електрична енергија на пазарот, кој, како што рекоа, нема да трае подолго од два часа и ќе биде однапред објавен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Започнаа 33 летни Олимписки игри во Париз

(ВИДЕО) Драма пред почетокот на Олимписките игри во Париз: Поради можна поставена бомба блокиран е дел до градот

Горан Наумовски

Ковчези оставени пред Ајфеловата кула со натпис „француски војници од Украина“

A1on

Тројца повредени во напад со нож во Париз

Улица во Париз ќе го носи името на Дејвид Боуви

А1он

ВИДЕО: Драма во Париз – Лувр итно евакуиран