Официјален Лондон ја отфрла можноста за воена интервенција во Ирак

Од:

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг изјави денеска дека Велика Британија нема воено да интервенира во Ирак, против сегашната силна офанзива на сунитските, исламистички милитанти.

– Тоа во никој случај нема да се случи, рече Хејг во разговор за радио Би-Би-Си.

Шефот на британската дипломатија ја повика ирачката Влада да работи на стабилизацијата на состојбите во земјата и за помирување и повторно обединување на разните фракции. Хејг рече дека владата во Лондон се испитуваат сите можности како да му се помогне на Багдад, за да се запре офанзивата на сунитските исламисти кои веќе освоија неколку ирачки градови, а му се закануваат и на ирачкиот главен град.

Според британскиот министер, станува збор за помош на хуманитарен план,за новите бројни бегалци во Ирак, како и за некаква „антитерористичка експертиза“ но Хејг отфрла секаква можност за воена интервенција.

– Ние не планираме никаква интервенција со воени средства во земјата, иако ситуацијата таму е доста сложена, рече шефот на британскиот Форин Офис.

Неговата изјава околу „испитувањето на можностите за помагање“ е идентична со онаа на офидијален Вашингтон, иако Хејг смета дека Американците имаат и повеќе начини и повеќе капацитети и можности за да се вклучат во сегашната ирачка ситуација.

Поранешниот британски премиер Тони Блер побара од Владата да испита можности за некакви облици на „строго таргетирана акција“ во Ирак, против сунитската воена офанзива.

Актуелниот градоначалник на Лондон, од редовите на Конзервативната партија и потенцијален кандидат за нејзнин лидер по заминувањето на Дејвид Камерон, ја отфрли таквата идеја на Блер, нарекувајќи го евентуалното интервенирање во сегашната ирачката криза како „будалесто“.

Министерот Вилјам Хејг за новиот развој на ситуацијата во Ирак, како и за можните начини за британска помош, ќе зборува попладнево во Долниот дом на Парламентот.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски