Дамјан Левис во својата книга „Тајните ратници на Черчил“, открива интересни приказни за Втората светска војна, односно зборува за група војници кои британскиот премиер, Винстон Черчил ги овластил да предизвикуваат диверзии зад непријателските линии.
Како што се наведува во книгата, оваа необична група на командоси често користела амфетамини, а на еден од нив омилено оружје му биле лакот и стрелата.
На почеток се нарекувале Единица за мали напади и нивна задача била изведување акции, кои се сметале за премногу политички експлозивни за да бидат прифатени од страна на поширокиот круг на британскиот естаблишмент.
Во книгата може да се добијат информации за тоа зошто британскиот Оддел за специјални операции, кому му припаѓала Единицата за напади бил наречен Министерство за неџентлментско војување.
Дане Андерс познат како Енди Ласен, бил еден од истакнатите припадници на оваа единица, а познат по тоа што барал да му дозволат да употребува лак и стрела, кои ги развил во совршено оружје за тивко убивање на непријателите.
Бирократите во Министерството за одбрана не му дозволиле, бидејќи сметале дека употребата на тоа оружје во современи околности е премногу нехумано. Меѓутоа тоа не го спречило овој командос да продолжи да го употребува своето омилено оружје.
Како што се наведува во книгата, причината поради која постоеле овие специјални единици, била изведување на одредени акции, без евидентна инволвираност на британските единици.
Е. Г.