Односите на АСЕАН со Кина ќе се движат по патото на позитивно разбирање и соработка

Од:

Лидерите на десетте држави на југоисточна Азија на дводневното заседание на групацијата во Куала Лумпур, кое завршува денеска, покрај декларациите и одлуките за унапредувањето на меѓусебната соработка, најавија дека ќе објават и документ за ставот на АСЕАН во врска со односите со Кина, со која дел од членките имаат отворени спорови врзани со сувереноста над територијата на Јужнокинескотто Море.

Иако има различни ставови меѓу Филипините, Виетнам и Брунеј со другите држави на АСЕАН кои не се директно засегнати со спорот околу сувереноста на Јужнокинеското Море, форумот на највисоко политичко ниво во Куала Лумпур се согласи спорот се Кина да се решава со преговори, на основа на документ наречен „Код за однесување’’. Овој документ предвидува споровите да се решат со преговори и избегнување на воени закани. Со ваков пристап се согласува и официјален Пекинг, но малку е веројатно дека Кина би ги признала и прифатила евентуалните пресуди што Филипините и Виетнам ги очекуваат од меѓународниот суд за поморско право на ОН.

Специфичните политички односи на повеќето држави на АСЕАН со Кина, кои од многу затегнати до крајот на минатиот век во последниве дваесетина години се оценуваат како позитивен пресврт, сигурно ќе продолжат. Кина дел од недоразбирањата го компензира со обилна финансиска поддршка на развојот на членките на АСЕАН. Во оваа групација, која од почетокот на идната година ќе профункционира и како Економска Заедница, слична на ЕУ, само во инфтаструктура до 2.025 година ќе се вложат над 2.600 милијарди долари, а голем дел од нив ќе се обезбедуваат преку новата Азиска банка за инфраструктурни инвестиции. Банката ќе стартува со почетен капитал од 100 милијарди долари, најголем дел внесени како оснивачки влог од страна на Кина, а ќе биде пандан на Светската банка i Азиската банка за развој, што ги контролираат САД и Јапонија.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он