Вооружена алжирска група, која себе се нарекува „Војници на калифатот во Алжир“, се отцепи од северноафриканскиот огранок на Ал каеда и стана приврзаник на „Исламска држава“, која се бори во Сирија и Ирак.
Командантот на централниот штаб на „Ал каеда во Исламски Магреб“ изјави во коминике дека ја раководи новата група, кон која се присоединил и друг командант од источниот реон на Алжир, каде што е базата на групата.