Одложена средбата Лавров-Рубио, неизвесен самитот Путин-Трамп

Од:

Поради разлики во ставовите околу патот кон завршување на војната во Украина, подготвителната средба меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров засега нема да се одржи, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори од Белата куќа.

Според истиот извор, причините за одложувањето не се целосно разјаснети, но едно од прашањата што создаваат тензии е различниот пристап кон евентуалното примирје во Украина.

И покрај тоа, не е исклучено Рубио и Лавров повторно да остварат телефонски разговор во текот на неделава. Двајцата министри веќе разговараа во понеделник (20 октомври), а Москва го оцени разговорот како „конструктивен“.

Руското Министерство за надворешни работи засега нема официјален коментар околу случувањата. Подготвителната средба меѓу шефовите на дипломатиите се смета за клучен чекор кон најавената средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп и Путин, според претходните информации, во телефонски разговор се согласиле средбата да се одржи во Будимпешта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски за операцијата „Вивалди“: Елиминиравме 10.600 Руси за една недела

ВИДЕО: Русија го нападна Киев, загина маж, повредени деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија

ВИДЕО: Украина најавува „Армија на роботи“

ВИДЕО: Средбата беше непотребна – Лавров по разговорот со германскиот шеф на дипломатијата

Москва до Вашингтон: „Ослободете го Мадуро“