Обвиненија и истрага по насилниот упад на Капитол

Од:

Членот на Државното собрание на Западна Вирџинија и човек кој упадна во канцеларијата на претседавачот со Претставничкиот дом и се фотографираше додека седеше на нејзината маса е меѓу приврзаниците на претседателот Доналд Трамп и се соочува со федерални обвиненија по опсадата на Конгресот, соопштија федералните обвинители.

Обвинителот Кен Кол рече дека членот на државното собрание на Западна Вирџинија, Дерек Еванс ќе биде обвинет откако тој „се снимил себеси за време на упадот во Конгресот“.

Кол исто така изјави дека Ричард Барнет од Арканзас ќе биде обвинет за упад во канцеларијата на Ненси Пелоси „каде што остави порака и и ја зеде поштата“.

Вршителот на должноста министер за правда Џефри Росен исто така објави дека Федералното биро за истраги, во соработка со полицијата во Вашингтон, ќе ја испита смртта на полицаецот на Капитол, Брајан Сикник, кој почина во болница од повреди здобиени за време на одбраната на Капитол.

– И покрај тоа што сте ја напуштиле областа Вашингтон, сепак можете да очекувате некој да ви тропне на врата ако откриеме дека сте биле вклучени во криминални активности на Капитол, рече помошникот директор на ФБИ за Вашингтон, Стивен Дантуоно за време на телефонски брифинг.

Дантуоно одби да ја карактеризира истрагата за смртта на Сикник како истрага за убиство, наведувајќи дека околностите на случајот се уште се испитуваат.

Полицијата на Капитол соопшти дека одделот за убиства на полицијата во Вашингтон ја истражува смртта на полицаецот.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски