ОБСЕ нема докази дека руски војници се на територијата на Украина

Од:

ОБСЕ нема докази дека руски регуларни воени трупи дејствуваат на територијата на Украина, изјави денеска претседателот на Постојаниот совет на ОБСЕ, Томас Гремингер.

– Моментно немаме докази дека на територијата на Украина има руски регуларни трупи, изјави Гремингер за радиото Дојчланд радио култура.

Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров негираше присуство на руска војска во Украина.

Киев вчера ја обвини Русија за активно учество на нејзини војници во оружените судири во југоисточна Украина, додека НАТО тврди дека станува збор за повеќе од илјада припадници на руската армија.

Би можело да ве интересира

Украина: Русија изврши комбиниран напад со дронови и ракети, двајца се повредени во Харков

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски