ОБСЕ: Граѓаните на ЕУ имаат подолг животен век

Од:

Животниот век на луѓето во ЕУ е продолжен од 90-тите години досега, со големи разлики меѓу земјите, објави Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во годишниот извештај за здравјето во Европа.

Во 28-те земји членки на Унијата во 2012 година очекуваниот животен век просечно изнесувал 79,2 години, или 5,1 година повеќе отколку во 1990 година.

Подолгиот животен век главно „се објаснува со значајно намалување на смртните случаи од кардиоваскуларни болести, посебно меѓу лицата на возраст од 50 до 65 години“, се наведува во извештајот на ОБСЕ.

Просечно најдолго живеат жителите на Шпанија (82,5 години), Италија (82,4 години) и на Франција (82,1 година).

Во балтичките и земјите од источна Европа животниот век е пократок од 75 години. Во овој регион некои земји забележале голем напредок, како што е случајот со Естонија, каде од 1990 година на граѓаните им е продолжен просечниот животен век за седум години, а во Чешка за 6,6 години.

Животниот век на жените во ЕУ е подолг отколку кај мажите, односно 82,2 години во 2012 година за жените наспроти 76,1 година за мажите.

Кардиоваскуларните болести остануваат главни виновници за смртноста во Европа и тие се причина за 40 отсто од смртните случаи во 2011 година, додека карциномот е на второ место со 24 проценти.

Би можело да ве интересира

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ