ОБСЕ: Гласачите во Казахстан немаа реален избор за кого да гласаат

Од:

Гласачите на предвремените претседателски избори во Казахстан имаа ограничен избор поради недостигот на вистинска опозиција и ограничувањето на слободата на изразување, соопшти Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Претседателот Нурсултан Назарбаев, кој е на власт од 1989 година освои 97,7 отсто од гласовите на вчерашните избори, според официјалните податоци и со тоа обезбеди нов петгодишен мандат на чело на земјата богата со нафта.

– Актуелниот претседател и неговата политичка партија доминираат во политиката и во земјата нема сериозна опозиција, изјави Корнелија Јункер, раководителка на набљудувачката мисија за изборите од Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот

Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Орце Костов