Претставници на Северна и на Јужна Кореја денеска ги обновија преговорите за индустрискиот комплекс во Каесонг.
Делегацииите се составени од по три членa. Тоа е четврта средба за индустрискaта зона Каесонг, кој се наоѓа на територијата на Северна Кореја, северно од демилитаризираната зона.
Во април Пјонгјанг објави дека привремено ќе биде прекината работата на индустриската зона со образложение дека „Сеул се обидува комплексот да го претвори во жариште на конфронтација меѓу сонародниците на Северот и на Југот на Корејскиот Полуостров“.
Каесонг почна со работа кон крајот на 2004 година и е симбол на меѓукорејското примирје и соработка.