Обновени преговорите за постигнување мир во Мјанмар

Од:

Во Јангун денеска се обновени мировните преговори меѓу властите и претставници на 16 племиња кои се борат за автономија или отцепување од државата, поранешна Бурма. Во преговорите учествува и раководството на најсилното бунтовничко движење на племето  Качин од провинцијата Шан со кое армијата на Мјанмар имаше жестоки судири во последните три недели.

Ова е седма средба меѓу властите и бунтовниците, што се оддржува по укинувањето на воената диктатура во Мјанмар во 2009 година. Последната, шеста, средба беше прекината лани во септември, без договор, а вооружените судири продолжија во повеќе области во државата.

Претставниците на племињата вчера имаа одделни средби со претседателот на Мјанмар Теин Сеин, потпретседателот Саи Кам и началникот на генералштабот Мин Аунг Хианг. По овие средби беше издадено соопштение за обостраната подготвеност мировните преговори да се завршат успешно.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар