Обновена врската меѓу МААЕ и нуклеарната централа во Запорожје

Од:

Врската на нуклеарната централа во Запорожје, во јужниот дел на Украина, што е под руска контрола од почетокот на март, со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), повторно е воспоставена. Информацијата ја соопштија украинските власти и агенцијата на Обединетите Нации.

Врската беше прекината на 30 мај, кога Русите го блокираа украинскиот оператор за мобилна телефонија Водафон во Енергодар, локацијата на електраната што има договор со МААЕ за пренос на податоци, соопшти украинскиот оператор Енергоатом.

„Благодарение на заедничките напори на Енергоатом и Водафон, во петокот е воспоставена врска меѓу серверот за надзор на нуклеарната локација и МААЕ“, се појаснува во соопштението.

МААЕ потврди за обновување на „преносот на податоци“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород

ВИДЕО: Над 30.000 Руси јуришаат на Харков, продолжува евакуацијата на населението

Катерина Ѓуровски

Путин го смени Шојгу

Предраг Петровиќ