Познати ни се негаторите на климатските промени – политичари кои гордо велат дека 97 проценти од научниците за климата грешат, и дека емиисите на јаглерод диоксид кои ги прави човекот не ја водат глобалната температура до потенцијално катастрофален степен. Спротивставувајќи им се е она што Дејвид Роберст од Грист го наслови како „климатски соколи“ – луѓе кои мислат дека климатските промени се реалност, дека е тоа екстремно опасно, а зад поголемиот дел од тоа стои употребата на фосилните горива од страна на оваа цивилизација.
Но меѓу сето ова се појавува чудна светла фигура за која се уште нема термин, но со кого активистите за климата ќе треба да се справат ако Америка е цврста да си ја одработи својата задача да се задржи загревањето на светот два степени пониско.
Гувернерот на Мичиген, републиканецот Рик Снајер најверојатно најдобро ја претстави оваа чудна креатура уште во август: „Климатските промени се загрижувачки не само заради нивното влијание и штетата која ја предизвикуваат врз нашите временски шаблони“, рече тој. Но кога новинарите почнаа да го прашуваат дали човекот ги предизвикува, Снајдер почна да се брани: „Не знам како стигнавме до тука затоа што тоа ќе не одведе до дискусија за која мислам дека нема реална вредност“.
– Дали е ова релевантно или не?, продолжи Снајдер. „Не. Имаме проблем. И мораме да се справиме со него“.
Слични ставови беа изразени и од други политичари. „Не сум квалификуван да одговорам на тоа прашање“, рече републиканецот Брајан Сандовал, гувернер на Невада за Риал клир политикс во јуни кога беше прашан дали луѓето се главните причини за глобалното загревање. „Дозволете да ви кажам што направивме, без да навлегуваме во тоа дали е предизвикано од човекот или која и да е причината“.
А тоа значи дека двајцата гувернери си ја работат задачата. Снајдер е неодреден, но во 2013 година започна кампања за собирање на податоци која доведе до закучок дека мандатот за искористување на обновливи извори на енергија во Мичиген треба уште пожестоко да се зајакне. Републиканците во државата размислуваат за тоа до каде ја ја тераат оваа идеја, а Снајдер призна дека употребата на јаглен во Мичиген треба „значително да се намали“.
Во Невада, Сандовал потпиша указ за скратување на 800 мегавати производство на струја од јаглен, и дозволи производство на нови 350 мегавати од обновливи извори. Тој исто истакна дека Невада ќе биде подготвена да ги оствари своите нови федерални регулативи за намалување на емисите на јаглерод диоксид од термоцентралите.
Најпопуларното избегнување во американската политика вообичаено оди во друг правец: признание за улогата на луѓето во растот на глобалното загревање, а потоа фаќање кривини околу тоа дали нешто треба да се стори од преспектива на исплатливост. Но Снајдер и Сандовал во основа избраа сосема обратен микс: да се игнорира причината, а потоа враќање кон политика – иако скромно – во секој случај.
Кога шансите светот да го задржи глобалното загревање два степни пониско нема добри изгледи, и додека САД се се уште неуспешниот лидер во меѓународната заедница, на климатските соколи им е потребна сета отвореност која можат да ја добијат.
Како што престројувањето на партиите за гласачите во државата се судира со вкупната подршка на јавноста за климатска акција и чиста енергија, бројот на снајдери и сандовали веројатно ќе расте во блиска иднина. Како такви, тие обезбедуваат незрело, но многу реално отварање – под претпоставка дека климатските соколи можат да го забележат одбивањето кого науката ќе го обвини за предизикување на климатските промени.
Барање „излез“ од климатскките промени
– Нема да убедувате цели групи конзервативни десничари и левичари во врска со климатските промени, принава Лери Вард, извршен директор на Конзервативниот форум за енергија во Мичиген (МЦЕФ). „Тоа ќе се претвори во вашите научници против нашите научници“.
Но Вард смета дека постојат други начини да се добие поддршка за зелена енергија без да се расфрлате со аргументите за климатски промени, па тој и неговите колеги во МЦЕФ се обидуваат да го демонстрираат тоа во Мичиген. МЦЕФ беше формиран во последните месеци од 2013 година, за да се даде подршка на конзервативната подршка за обновливи енергии. Нивните анкети откриле дека 53 проценти од гласачите во Мичиген „силно“ го поддржуваат барањето државните термоцентрали да се откажат од јагленот и да се свртат кон обновливите извори на енергија, додека 25 проценти „во некој случај“ го поддржуваат тоа. Кога биле запрашани да предложат свој енергетски микс, мичигенците посакале 57 проценти од нивната струја да доаѓа од обновливи извори. А резултатот се вкрстува помеѓу партиските и идеолошките линии: два спрема еден. Републиканците рекле дека би дале поддршка на кандидиат кој поддржува обновливи енергии и енергетска ефикасност во замена за јагленот.
Двете главни причини кои мичигенците ги навеле биле загриженоста за здравјето и загадувањето на околината. Помеѓу државните 329 најстари, највалкани и најмалку економски единици, Мичиген произведува повеќе течно олово, цинк, арсен, кадмиум и други загадувач во почвата од било која друга држава.
Благодарение на живата, државниот Оддел за природни ресурси издаде годишно предупредување за конзумирање на риба: „Ако сте жена или дете во државата Мичиген, не би требало да конзумирате повеќе од две риби во месецот кои се уловени во регионот на Големите езера“, вели Ник Кларк, директор на Акција за чиста вода за Мичиген. Тој исто потенцираше на езерото Торч во Мичиген, кое во близина нема термоцентрала, но без оглед на тоа е премногу загадено со жива за да се издаде преупредување за безбедноста за рибата од езерото Торч.
– Нашите фармери кои тежнеат кон републиканците се големи поддржувачи за зачувување на почвата затоа што од неа тие преживуваат, додава Грег Мур, правен директор на сенаторот на Мичиген, Мајк Нофс, кој претседава со Комитетот за енергија и технологија при тоа тело. „За оние кои ловат и риболоват, важно е да има чист воздух и чиста вода за оние нешта кои тие ги ловат и рибарат“.
Загадувачите со јаглен исто имаат добро документирани врски со сите видови на проблеми со мозокот, посебно кај децата. Сулфур диоксидот или нитро оксидите, кои се создаваат кога јагленот или гасот горат и создаваат смог, предизвикуваат астма и продонесуваат за срцеви и белодробни болести. Проценката од 2010 година го рангираше влијанието на јагленот во Мичиген како петто највисоко во споредба со сите пеесет држави: со 678 смртни случаи, 487 болнички третмани, и 1,097 инфаркти само во 2010 година. Еден друг извештај открива слични бројки. И во Мичиген и околу државата овие влијанија непропорционално влијаат врз сиромашните и малцинствата.
– Луѓето имаат впечаток дека јагленот е стара технологија или највалкана технологија, вели Ворд. „Многу мајки заболуваат од астма и слично и факт е дека јаглениот е загадувач – дека треба да се откачиме од тој загадувач, најверојатно и треба“.
Загриженоста за зачувување на здравјето и животната средина наведува две големи причини – причини со очигледен партиска спротивставеност – да се укине јагленот и нафтата без да мора да се споменат климатските промени. Накратко, тие им даваат на политичарите излез.
На крајот, сето тоа е лично
Но зошто воопшто политичарите имаат потреба од таков излез?
Кејт Гордон е потпретседател на Некст џенерејшн, и извршен директор на озборуваната нова акција за потенцијалните влијанија на климатските промени врз економијата на САД. Таа позиција и дава можност да биде во контакт со луѓето од бизнисот, со индустриски лидери и со други засегнати. И таа забележала интересен шаблон во овие разговори: Луѓето не сакаат да се обвинуваат себеси за климатските промени. „Затоа што се започнува со тоа – со климатските промени предизвикани од човекот – тогаш разговорот се врти околу тоа како би требало сите да се чувствуваме виновни за она што било направено во минатото“, вели Гордон. „А за луѓето во земјоделието и во другите индустрии кои интензивно користат енергија, тоа практично кажува за сето она на што е е изграден вашиот живот, и дека придонесувате во проблемот“.
– Дали сакате да влезете во разговор во кој ќе им се кажува на луѓето дека нивната индустрија е лоша уште од самиот почеток?
Стремиме да мислиме од позиции земени во дебатите за климата како предмет на рационална (ако не и неморална) себичност; на пример, профитот на Кох брадерс од фосилните горива, па затоа се разбира тие не сакаат промени во политиките со кои се намалува употребата на фосилните горива. Но луѓето не се рационални суштества. Постои многу гордост и самовреднување и сурови емоции врзани со нашата работа, посебно кога поседуваме бизнис кој е во прашање. Искуството на Гордон покажува дека голем дел од спротивставувањето на признанието дека климатските промени се предизвикани од човекот почнувајќи од тоа место – луѓето кои се потпираат на чувството дека се обезвреднети.
– Зошто е тоа така кога ќе прашате: дали верувате во климатските промени предизвикани од човекот?, и понекогаш ќе добиете некакви резултати, а потоа ќе кажете: дали верувате дека климатските промени се проблем за земјата? и ќе добиете различни бројки, прашува Гордон. „Смешно, но мислам дека дел од ова доаша токму од обвинувањето“.
И затоа што чувствителноста околу тоа кого треба да обвиниме за климатските промени ќе биде посебно акутно помеѓу големите бизнис лидери и играчи во индустриите, не изненадува тоа што политичарите ќе се обидат да се фатат во орото. Политичкото трупањето на научни докази исто покажува дека политичарите одговараат прво и најчесто на интересите за богатство и бизниси, целосно игнорирајќи го обичниот гласач кога нивните желби одат спротивно од тие на моќниците.
И каде да одиме од тука натаму?
Климатските промени се врвен проблем на „слободниот ум“; секој поединец поседува природен поттик да не се жртвува и да продолжи да испушта јаглерод, затоа што претпоставуваат дека останатите ќе го сторат истото. И потоа никој нема да испушта помалку јаглерод. Затоа одговорот на климатските промени мора да биде систематски координиран, преку нешта како национален данок за испуштање на јаглеород диоксид, национален систем за ограничување и размена, или поограничена регулаива да се намалат емисиите од термоцентралите кои американската Агенција за заштита на животната средина тукушто ги опомена.
Не е јасно како националниот консензус во корист на тој вид на ограничувачка политика може да биде изграден без на прво место да се истакне прашањето за придонесот на човештвото во климатските промени. И уште е помалу јасно дали овој вид на пристап-крпеница за да се туркаа обновливи енергии – користењето на заканата врз политичарите за климатските промени ваму, користење на подобро влиајние врз здравјето и помало загадување на обновливите енергии врз политичарите таму – ќе ги намали емисиите на јаглерод диоксид онолку длабоко колку што треба да бидат скратени.
А од друга страна, америкаците се согласуваат дека луѓето се одговорни за големото глобално загревање во изминатот век. Мнозинството исто одобруваат обновливи енергии, регулативи за намалување на емисиите на јаглерод диоскид, и други политички обиди за справување со климатските промени.
Но кај владите како што е нашата, каде компромисот е скоро секогаш треба неопходно да помине се – од државно или национално ниво – расцепот помеѓу репуликанците и демократите станува местото каде гумата се спојува со патот. На национално ниво, партиите станаа се повеќе поларизирани во изминатите неколку децении, онака како што се менува демографијата на земјата.
Овој процес исто се одвива на ниско ниво, во секоја држава пооделно: „Станавме исти како и другите држави за разлика од минатото“, вели Мат Гросман, политички научник во Државниот универзитет во Мичиген. „Нашите републиканци изгледаат повеќе како републиканците од другите области, исто како и демократите. Иако историски имало разлики затоа што постоело конзервативно демократско избирачко тело, а постоело исто и либерално републиканско избирачко тело околу областа на Тревор сити“.
Но Мичиген не е единствената држава поделена заради овие сили. Како и Невада и мали територии од другите држави – Колорадо, Флорида, Вирџинија, Охајо – Мичиген е нешто како „пурпурна држава“. Истиот републикански бран во 2010 кој го донесе Снајдер на позицијата исто ја стави државната легислатива цврсто во рацете на ГОП (републиканците). Но гласачите од Мичиген сепак му ги дадоа гласовите на Барак Обама во 2012 година, со 9,5 процентни поени.
Невада е уште поизмешана, и му донесе на Обама 6,6 процентни поени во 2012, а националното делегирање и државната легислатива скромно беа наклонета кон демократите.
Во овој чуден микс, специфичното прашање дали луѓето ги предизвикуваат климатските промени сега очигледно ги разделуваат републиканците и демокртаите повеќе од било кое друго прашање околу перформансите на претседателот Барак Обама. Заради партиските струи на вкрстување во кои се заглавени, и затоа што тие веројатно ќе бидат важни во било кој нациионален обид да се истуркаат напред политики за зелени енергии, овие држави ќе застанат онаму каде „излезот“ за здравјето и зачувување на животната средина ќе бидат најкорисни.
– Ако можете да убедите некого дека климатските промени навистина постојат, тогаш што би посакале?, прашува Вард. „Ќе посакате да почнат да се користат почисти форми на енергија“.
– Па, може ли веќе еднаш да почнеме да користиме почисти форми на енергија?
Клајмат прогрес – Вашингтон