Обама: За жртвите во Алжир виновни се само терористите

Од:

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека за смртта на луѓето при акцијата на специјалците во заложничката криза во Алжир, виновни се само терористите кои ги киднапираа странците вработени на едно наоѓалиште за гас на југот на земјата.

Обама рече дека САД најостро го осудува киднапирањето извршено од терористите и додаде дека граѓаните на САД се молат за семејствата на настраданите и ранетите во Алжир.

Владите на некои западни земји претходно оценија дека Алжир не ја извел добро акцијата за спасување и поради тоа дошло до жртви.

Обама во своето прво обраќање од почетокот на кризата истакна дека нападот на терористите во Алжир претставува потсетување дека и натаму постои опасност од Ал Каеда и други насилни екстремистички групи во северна Африка.

„Во следните денови ќе останеме во близок контакт со владата на Алжир за до крај да сфатиме што точно се случило и потоа заедно да работиме за во иднина да се спречат трагедии како што е оваа“, рече американскиот претседател.

За време на четиридневната драма убиени се 23 заложници и 32 екстремисти, додека истовремено спасени се 107 странци и 685 Алжирци. Меѓу убиените има државјани на Велика Британија, Франција, САД, Романија и Јапонија.

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува