Обама, во велигденската честитка, укажа на прогонот на православните христијани

Од:

Американскиот претседател Барак Обама испрати честитка до православните христијани низ светот, во која предупредува на прогонот на православните во повеќе земји во Блискиот Исток.

– За милиони православни христијани ова е радосен празник, но и потсетник на жртвите кои Исус ги направи за да имаме вечен живот. Неговата одлука да одбере љубов, соочен со омраза, надеж соочен со очај, е пример кој секогаш треба да го следиме. Но, еднакво важно е да запомниме дека оваа година членови на православната заедница се соочени со прогонство и насилство, особено на Блискиот Исток и во Северна Африка. Со децении овој дел на светот беше збогатен со присуството на православните заедници во земји како Египет, Либан, Сирија и Ирак.

– Како нација, ние ја потврдуваме нашата посветеност на заштитата на универзалните човечки права, како што е правото на вероисповед, пишува во велигденската порака на Обама.

Се проценува дека половина од еден и пол милионската христијанска заедница во Ирак побегнала од земјата по крвавата граѓанска војна која следеше по американското уривање на режимот на Садам Хусеин во 2003 година. Животот на коптската православна заедница во Египет, чија бројност се проценува меѓу пет и 15 милиони, станува се потежок по Арапската пролет која на власт во Египет го донесе исламистичкото Муслиманско братство.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски