Обама со критики до федералната Влада во однос на коронавирусот во САД

Од:

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, го искритикува сегашното раководство на државата, на чело со Доналд Трамп, поради бавните реакции во однос на мерките за борба против ширењето на коронавирусот и немањето на „национален план“.

Дел од забелешките на Обама, кој досега беше многу тивок во однос на пандемијата, се дека администрацијата не разработила кохерентен „национален план“ за борба со пандемијата.

Како што истакна Обама во својата Твитер порака, сојузните држави се оставени сами на себе да креираат ефективни методи за борба со коронавирусот.

Тој го истакна позитивниот пример со Масачусетс, каде државата презема свои сопствени планови на јавно здравство „додека сеуште има време“ за тоа, за успешно да се справи со пандемијата.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски