Обама: САД ќе укине дел од санкциите кон Судан

Од:

Претседателот во заминување на САД Барак Обама соопшти денеска дека ќе бидат укинати дел од санкциите против Судан како одговор на соработката на Картум во борбата против тероризмот, јави ДПА.

Извршната наредба, потпишана од Обама, ќе им овозможи на американските граѓани да вршат бизнис со физички и правни лица во Судан.

Укинувањето на санкциите ќе стапи во сила по 180 денови.

Целта на укинувањето е промовирање на земјата да направи повеќе за борбата против тероризмот и да ја подобри состојбата на човековите права, се наведува во соопштението на Белата куќа.

САД за првпат воведоа санкции за Судан во 1997 година поради тероризам и кршење на човековите права.

Во 2006 година, рестриктивните мерки беа зајакнати поради конфликтот во Дарфур.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас