Обама: Русија беше конструктивен партнер во преговорите за Сирија во Виена

Од:

Претседателот на САД, Барак Обама изјави дека Русија била „конструктивен партнер во преговорите во Виена за ставање крај на кризата во Сирија.

Обама по почетокот на самитот на организацијата за Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК) во Манила наведе дека има несогласување меѓу Вашингтон и Москва за политичката судбина на сирискиот претседател Башар ал Асад.

– Ако САД и Русија успеат да постигнат согласност за дипломатските прашања, со тоа ќе се отвори патот за поголема воена соработка меѓу двете земји, посочи Обама.

Тој осврнувајќи се на поддршката на Москва за Дамаск наведе дека различните ставови не се пречка САД и Русија да ртазговараат за прекин на огнот во Сирија.

– Би сакал Русија да го насочи вниманиетот од поддршка на Асад кон борба со Исламска држава. За тоа сакам да разговазрам со рускиот претседател Владимир Путин, истакна Обама.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски