Обама пристигна во еднодневна посета на Шведска

Од:

Американскиот претседател Барак Обама денеска пристигна во еднодневна посета на Стокхолм, од каде ќе замине на средбата на врвот на Г-20 во Санкт Петербург.

На аеродромот беше пречекан од американскиот амбасадор во Стокхолм Марк Бжежински и членови на шведската Влада.

На Обама ова му е прва посета на Шведска откако е избран за претседател на САД. Тој за време на претојот ќе оствари средба со шведскиот премиер Фредрик Рејнфелд и со кралот Карл Густав, а предвидена е и вечера со лидерите на северноевропските земји Норвешка, Исланд, Финска и Данска. Американскиот претседател во текот на разговорите ќе се фокусира на глобални проблеми од заеднички интерес, како што се климатските промени, трговијата и технологиите.

Во програмата на Обама е предвидено и посета на Техничкиот универзитет, каде тој ќе зборува за целта на Шведска да престане со употреба на фосилни горива до 2050 година.

Белата куќа ја организира посетата на Обама на Стокхолм откако американскиот претседател ја откажа средбата во Москва со рускиот колега Владимир Путин поради одлуката на Русија да му даде азил на поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна