Обама: НАТО нема да се поколеба да ги заштити своите членки

Од:

Американскиот претседател Барак Обама за време на посетата на главниот град на Естонија, Талин изјави дека НАТО нема да се поколеба да ги заштити сите свои членки, дури и да се наоѓаат на периферијата на Алијансата.

– Ќе бидеме во Естонија. Ќе бидеме во Летонија. Ќе бидеме во Литванија. Во минатото вие веќе еднаш сте ја загубиле својата независност. Со НАТО повеќе никогаш нема да ја загубите, рече Обама.

Балтичките земји стравуваат дека Москва може и против нив да ги искористи аргументите за заштита на руското население, како што тоа го сторила во источна Украина.

– Ја отфрламе лагата дека луѓето не можат да живеат заедно поради тоа што имаат различно потекло или говорат на различни јазици, рече Обама.

По средбите во трите балтички земји Обама отпатува за Велс, каде утре почнува самитот на НАТО.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски