Обама: Ќе преземеме мерки против Русија поради мешање во изборите

Од:

Американскиот претседател Барак Обама порача дека Вашингтон ќе преземе мерки против Русија поради наводното мешање во изборната кампања во САД, нагласувајќи дека за тоа разговарал директно со рускиот претседател Владимир Путин.

– Потребна ни е акција и тоа ќе го сториме, рече Обама за Американското национално радио (НПР).

– Сметам дека нема сомневање во тоа дека кога која било странска влада се обидува да влијае врз интегритетот на нашите избори, мораме да преземеме акција и тоа ќе го сториме на начин и во период кога ние ќе избереме, порача Обама.

Тој нагласи дека нешто од сето тоа „може да биде експлицитно и јавно објавено, а нешто не“.

– Господинот Путин е мошне свесен што мислиме за тоа, бидејќи директно со него разговарав на таа тема, наведе Обама.

Белата куќа вчера сугерираше дека Путин бил директно вклучен во хакирањето, кое има цел да влијае врз американските избори и да ја овозможи победата на Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски