Обама го предупреди кинескиот министер за надворешни работи дека внимателно ги следи протестите во Хонгконг

Од:

Претседателот на САД Барак Обама го предупреди кинескиот министер за надворешни работи Ван И дека внимателно ги следи протестите во Хонгконг, соопшти Белата куќа.

Обама и неговата советничка за национална безбедност Сузан Рајс, на средбата со Ван И во Вашингтон, повикаа за мирно надминуварње на разликите меѓу властите во кинескиот специјален административен регион и продемократските демонстранти.

САД постојано го поддржуваат отворениот систем, кој е од големо значење за стабилноста и просперитетот на Хонгконг, правото на избор и желбите на народот на Хонгконг, се наведува во соопштение на Белата куќа.

Во соопштението се потврдува дека Обама ќе ја посети Кина годинава.

Претседателот на САД ќе биде во посета на Пекинг од 10 до 12 ноември. Кинескиот министер за надворешни работи претходно во Вашингтон изјави дека кризата во Хонгконг е внатрешна работа на Кина

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција