Обама ги поддржа геј браковите

Од:

Претседателот на САД Барак Обама изјави дека на хомосексуалците треба да им се дозволи да склучуваат бракови, што е прв пат тој јавно да се заложи за геј браковите.

„Важно е да одам напред и да потврдам дека на истополните двојки треба да им се овозможи да се венчаваат“, рече Обама за Еј Би Си, само неколку дена откако сличен став изрази и потпретседателот на САД Џо Бајден.

Обама истакна дека е тоа негов личен став, а дека и натаму смета дека американските сојузни држави треба да одлучуваат за ова прашање.

Претседателот на САД објасни дека на промената во неговиот став влијаело размислувањето на американските геј војници, кои се борат за својата земја, а и натаму имаат ограничени права.

Обама е првиот лидер на Америка кој го укина правилото во војската на САД „ не прашуваме (дали сте геј), не зборуваме за тоа“.

Претседателот на САД изјави дека и неговата сопруга Мишел ги дели неговите ставови.

Групите за заштита на правата на геј популацијата оцени дека изјавата на Обама е историски и важен чекор кон еднаквите права на сите во американското општество.

Претседателскиот кандидат на Републиканската партија Мит Ромни денеска изјави дека и натаму верува дека бракот е заедница меѓу мажи и жена, изнесувајќи така сосема поинаков став од претседателот Обама.

Во обраќањето до новинарите по средбата со своите приврзаници во Оклахома, Ромни изјави дека неговиот став не е променет, и покрај тоа што Обама сега вели дека ги поддржува геј браковите.

„Имам ист став како и претходно, верувам дека бракот е заедница меѓу маж и жена“, истакна Ромни.

Според најновите истражувања, бројот на оние кои ја поддржуваат легализацијата на геј браковите во САД е речиси изедначен со оние кои им се противат.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски