Обама: Договорот за одбрана меѓу САД и Јапонија ги опфаќа и островите Сенкаку

Од:

Американскиот претседател Барак Обама потврди денеска дека договорот за взаемна одбрана меѓу САД и Јапонија ги опфаќа и островите, кои се предмет на спор меѓу Пекинг и Токио.

– Политиката на САД е јасна, изјави Обама во писмен одговор на прашањата, објавени во јапонскиот весник „Јокиури“, пред пристигнувањето во Токио подоцна денеска, во рамки на неговата турнеја низ азиските земји.

– Островите Сенкаку се под власт на Токио и поради тоа се опфатени со јапонско-американскиот договор. Ние се спротивставуваме на сите еднострани обиди за поткопување на јапонското управување со тие острови, нагласи Обама.

Спорните острови Јапонија ги нарекува Сенкаку, а Кина Дијаоу.

Обама истакна дека САД ги продлабочуваат своите врски со Кина, но додаде дека тие врски нема да се зајакнат на сметка на Јапонија или кој било друг сојузник.

Тој нагласи дека САД ќе продолжат да преземаат мерки за намалување на ефектот од военото присуство на Окинава, но додаде дека е важно да се запомни дека присуството на американските маринци на Окинава е од апсолутно значење за заедничката безбедност.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски