ОАЕ: Воздушното ембарго се однесува само за авиокомпаниите од Катар

Од:

Воздушното ембарго, кое од почетокот на заливската криза е воведено кон Катар, се однесува само на авиокомпаниите и авионите од Катар, соопштија денеска властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Саудиска Арабија и Бахреин воведоа воздушно ембарго кога на 5 јуни ги прекинаа дипломатските односи со Катар, кого го обвинуваат дека поддржува тероризам.

– Согласно воздушното ембарго, на сите авиокомпании и авиони регистрирани во Катар им е забрането да слетуваат на нашите аеродроми или да прелетуваат преку воздушниот простор на ОАЕ, Саудиска Арабија и Бахреин, наведуваат трите земји.

Исклучок ќе бидат приватните авиони од Катар, кои треба 24 часа однапред да поднесат барање за прелетување преку воздушниот простор на трите земји. Покрај барањето треба да бидат наведени имињата на патниците и членовите на екипажот, како и податоци за стока, доколку станува збор за товарен авион.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Катар им го предаде на Хамас и на Израел конечниот „нацрт“ договор за примирје во Газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Катар: Копнената инвазија на Газа ќе има катастрофални последици за регионот

Катерина Ѓуровски

Откриено ново наоѓалиште на природен гас на Кипар

А1он