Нуркачи влегоа во потонатата индиска подморница

Од:

Нуркачите на индиската морнарица влегоа во подморницата што потона по двете експлозии во пристаништето Мумбај, но се уште не дојдоа до телата на 18 морнари погинати во несреќата.

Нуркачите го отвориле главниот отвор на врвот на подморницата и ја испумпуваат водата за да го кренат пловилото на површината на водата, бидејќи тоа лежи на мала длабочина во пристанишниот док, изјавија претставници на морнарицата.

Несреќата што се смета за најлоша во историјата на морнарицата уште од потонувањето на фрегатата во 1971 година, што ја потопи пакистанска подморница, во сенка ја фрли индиската воена способност додека земјата се обидува да и парира во воена сила на се посилната кинеска војска.

Делови на оштетената подморница ѕиркаат од водата, а морнарички претставници изјавија дека се продолжува со испумпување на водата од пловилото.

-Забележени се големи, многу големи оштетувања на пловилото и не е постигнат напредок во пронаоѓање на телата на 18 исчезнати морнари, рече претставник на морнарицата.

Тројца морнари кои се наоѓале надвор од подморницата успеале да се спасат скокајќи во водата по првата експлозија.

Премиерот Манмохан Синг, обраќајќи се денеска до нацијата во традиционалниот говор по повод Денот на независноста, во Њу Делхи, изрази жалење за трагедијата што и нанесе голем удар на модернизацијата на морнарицата.

-Длабоко жалиме заради загубата на подморницата ИНС „Синдуракшак“. Се стравува дека во инцидентот 18 храбри морнари го загубија животот, рече премиерот.

„Инцидентот е дотолку поболен бидејќи морнарицата неодамна постигна два големи успеха што се гледаа во изградбата на својата прва нуклеарна подморница „Арихант“ и на носачот на авиони „Викрант“, рече Синг.

Изминатите денови Индија го претстави првиот носач на авиони од домашна изработка и почна со пробите на море на нуклеарната подморница од индиско производство, што е опишано како „гигантски чекор“ за земјата.

Индиските весници денеска на насловните страници ја оплакуваат загубата на подморницата.

 

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка