Ново торнадо во Кентаки, повторно има загинати

Од:

Во ново торнадо што ја зафати американската сојузна држава Кентаки загинаа најмалку шест лица, а гувернерот на државата, Енди Башир, изјави дека може да има најмалку 50 мртви.

Откако Кентаки се стабилиизра од разорните разурнувања од 11 декември, кога неколку торнада протатнеа низ државата, во петокот и саботата повторно се случи нова природна катастрофа, во која, покрај загинатите, многу други лица останаа заробени во своите домови, додека урнати се и многу објекти, јави весникот „Вашингтон пост“.

-Извештаите се депресивни, изјави Бешир за локалната ТВ станица WLKY.

Торнадото мина низ четири држави – Арканзас, Кентаки, Мисури и Тенеси, а експертите проценуваат дека траело невообичаено долго за овој дел од годината.

Властите во Илиноис и Мисисипи, исто така, регистрираа штета од торнадо.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Торнадо уриваше згради како кули од карти, има загинати, 88 повредени

Во Москва е издадено предупредување поради можно торнадо

Силно торнадо носеше се пред себе: Објавена застрашувачка снимка

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

ВИДЕО: Торнада ја „нападнаа“ Оклахома

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде