Новите дождови предизвикуваат големи поплави во Индија

Од:

Новите дождови во јужниот индиски град Ченај предизвикаа големи поплави, при што воздушниот и железничкиот сообраќај се во прекин, а стотици илјади луѓе останаа без струја.

Војската е испратена да им помогне на илјадници луѓе, кои се отсечени од светот поради дводневните поплави.

За сега е познато дека од минатиот месец, па досега, најмалку 188 лица загинаа во полавите во сојузната држава Тамил Наду.

Тропската депресија во Бенгалскиот Залив предизвикаа поројни дождови во крајбрежјето, непрекинатите врнежи го парализира животот во тие делови на Индија.

Поголемиот број летови од аеродромот во Чинај се откажани на неопределено време, откако огромно количество вода ги поплави пистата и терминалите. Во извештаите се наведува дека околу 400 патници останале отсечени на аеродромот.

Исто така петнаесет возови биле принудени да го откажат редовните линиим, бидејќи третина од железничката инфраструктура е поплавена.

Медиумите потенцираат дека снабдувањето со електрична енергија е прекинато во речиси 60 проценти од градските квартови.

Повеќето од улиците во Ченај се под вода, а училиштата и факултетите се затворени веќе 17 дена од почетокот на ноември.

Пациентите се евакуирани од државната болница во регионот Тамбарам, откако зградата беше поплавена.

Жителите ги користат социјалните мрежи за да им понудат сместување на луѓето, кои се принудени на евакуација од своите домови.

– Сме виделе дождови како овие пред 25 или 30 години кога немаше снабдување на електрична енергија речиси цела седмица. Дождот паѓа од понеделникот навечер и никако не престанува. Каде и да погледнете гледате метар или повеќе вода, изјави жителот на Ченај, Асхок Моди за Би-Би-Си.

Индискиот метеоролошки завод соопшти дека дождот нема да престане во наредните три дена.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка