Новите алатки за заштита на правната држава пред министрите на ЕУ

Од:

Министрите за европски и надворешни работи на ЕУ денеска ќе го разгледуваат новиот предлог на Европската Комисија за заштита на владеењето на правото и правната држава во земјите членки.

Потпретседателот на ЕК, Франс Тимерманс, денеска на Советот за општи работи во Брисел ќе го презентира новиот предлог со кој Комисијата треба да го зајакне својот надзор врз владеењето на правото во земјите членки на ЕУ.

-Во изминатите пет години, Европската Комисија се соочуваше со серија предизвици за владеење на правото во ЕУ. Европскиот проект се заснова врз постојаното почитување на владеењето на правото, ова е предуслов за граѓаните да ги уживаат своите права и за заемна почит меѓу земјите членки, стои во објаснувањето на ЕК за новите предлог-мерки.

Европската Комисија веќе неколку години бара решение, посебно откако состојбата значително со влоши во источноевропски земји членки како Унгарија и Полска, но мораше да изнајде решение кое нема да го впери прстот само кон источна Европа.

Новите алатки беа конечно презентирани вчера и предвидуваат воведување годишен механизам за надзор од страна на ЕК, по модел на тоа што веќе постои за надзор на националните буџети.

Комисијата би објавувала годишен извештај во кој ќе се разгледуваат сите клучни елементи на владеење на правото како системските ризици во примената на законодавството, независноста на судството, непочитувањето на поделбата на властите, но и способноста на земјите членки да се справат со корупцијата како и слободата на медиумите.

Земјите членки ќе треба да воспостават национална контакт точка задолжена за справување со проблемите во владеење на правото.

Предлогот на Европската Комисија се заснова врз три столбови: промоција на култура на правната држава, рана детекција на проблемите и ефикасност на предложените лекови.

Министрите на ЕУ денеска ќе го слушнат потпретседателот Тимерманс на оваа тема, и се очекува да биде релативно добро примена со оглед на фактот дека предложените инструменти ќе се применуваат на сите земји на ЕУ, а не само Унгарија и Полска, двете земји кои се моментално предмет на повеќе прекршочни процедури поради сериозни повреди врз владеењето на правото.

Би можело да ве интересира

Туск: Не преговарам за брегзит без договор

Ана Ололовска

ЕУ создава фонд на иднината од 100 милијарди евра

Ана Ололовска

Белгија не може да се договори за назначување европски комесар

ЕУ е против безусловното враќање на Русија во Г7

Ана Ололовска

Над 300 мигранти сѐ уште заглавени во брод на Медитеранот, ЕУ преговара

Ана Ололовска

Европската Комисија не го коментира притворот на Јанева

Ана Ололовска