Новиот вид на коронавирусот кој првично беше регистриран во Велика Британија се појави и во Данска, Холандија и во Австралија. Вчера беше објавено дека новиот вид на вирусот го има и во Јужна Африка.
Со ова уште повеќе се зголемува паниката во светот со оглед дека беше констатирано оти овој мутиран вид се шири многу побрзо во однос на претходната верзија.
Добрата вест е овој тип на вирусот не предизвикува потешка клиничка слика и дека вакцината сепак е ефикасна и за него.