Новиот лидер на австриските социјалдемократи Кристијан Керн стапи на должност како канцелар на Австрија

Од:

Новиот лидер на австриските социјалдемократи Кристијан Керн денеска стапи на должност како канцелар на Австрија.

– Вие ќе преземете една важна, убава, но и тешка позицијата, со многу одговорности”, истакна на церемонијата во претседателската палата во главниот град Виена претседателот Хајнц Фишер.

50-годишниот Керн, досегашен директор на австриски железници, стана претседател на социјалдемократите и на владата по минатонеделната оставка на канцеларот и партиски лидер Вернер Фејман. Тој се повлече по неуспехот на партијата на првиот круг од претседателските избори. Кандидатот на социјалдемократите не успеа да се пласира во вториот круг, кој ќе се одржи оваа недела.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче