Новинарството е најлоша професија во 2013

Од:

Работата на новинарите е лошо платена, а покрај тоа и особено стресна. Новинарите се ограничени со времето, а во ист момент се под будното око на целата јавност.

Компанијата „Career Cast“ рангираше 200 професии од најсакани до најнепожелни.

Во предвид беа земени неколку фактори, меѓу кои опкружувањето, заработувачката и стресот поврзан со професијата.

Сите тие показатели, доведоа до тоа работата на репортерите во медиумите да биде прогласена за најлоша во 2013 година.

Овој заклучок се базира врз основа на анализите на податоците од Заводите за статистика, Заводите за вработување и службите за заштита при работа.

Според „Poynter“ оваа табела на најлоши и најмалку пожелни професии се прави веќе 25 години, а занимањето на новинарите со текот на годините паѓаше кон дното.

Причините поради кои професијата репортер не е сакана се лошо платената работа и големиот стрес на кој што се изложени новинарите во текот на својата кариера.

Стресот се должи на временските рокови кои новинарот мора да ги испочитува и тоа што неговата работа е под будното око на јавноста, која врз основа на известувањето го формира својот став за појавите и настаните во општеството.

Новинарите во принцип немаат работно време, дури и тогаш кога се слободни секогаш мора да бидат на располагање и подготвени да известуваат.

Покрај тоа и во слободното време мора да следат се што се случува за да бидат информирани.

Освен тоа, евидентно е дека од година во година се помалку се вработуваат новинари. Се очекува дека се помала ќе биде побарувачката за новинари, особено во печатените медиуми.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Голем интерес за сезонска работа: Рекорден број на агенции за вработување странци во Хрватска

А1он

На граѓаните не им се работи во „Бехтел и Енка“: Стигнале само 360 апликации за 2.000 работни места

Орце Костов

Бројот на слободни работни места во Словенија достигна рекордно високо ниво во вториот квартал

Драстичен пад на вработените во угостителскиот сектор во Германија

Во Хрватска сезонска плата над 1000 евра за печење палачинки

Предраг Петровиќ

Стопанството бара под итно да се изгласа ребалнсот на Буџетот

Ана Ололовска