Новинарите на Ројтерс обвинети за шпионажа во Мјанмар се изјаснија дека не се виновни

Од:

Двајцата новинари на агенцијата Ројтерс, кои се обвинети за шпионажа во Мјанмар, денеска изјавија дека не се чувствуваат виновни.

Новинарите Ва Лон и Куав Сое О беа уапсени во декември минатата година, со доверливи документи кои се однесувале на состојбата во областа Ракајн, од каде мјанмарската армија протера стотици илјади муслимански жители, Рохинџи. Новинарите се обвинети дека собирале доверливи податоци со цел да и нанесат штета на државата, за што им се закануваат казни затвор од по 14 години.

– Вистината мора да излезе на виделина. Ние не извршивме никаков престап и нема да се предадеме. Не сме исплашени од овие монтирани обвиненија. Невини сме, изјави новинарот Ва Лон.

Главниот уредник на агенцијата Ројтерс, Стивен Адлер во соопштение изрази разочараност од одлуката на судот да го продолжи процесот против двајцата нивни новинари.

Следното рочиште е закажано на 16 и 17 јули.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска