Нови судири во северниот дел на Мјанмар

Од:

Илјадници луѓе ги напуштија домовите поради нови борби меѓу армијата и бунтовниците во областа Качин, во северниот дел на Мјанмар.

Според Обединети нации, околу 4.000 лица побегнале поради судирите, а се претпоставува дека голем број луѓе се заробени во зоната на конфликт, која е во близина на границата со Кина.

– Нашата најголема грижа е безбедноста на цивилите, вклучително бремени жени, стари лица, мали деца и лица со инвалидитет. Ние мораме да обезбедиме тие луѓе да бидат заштитени, изјави шефот на канцеларијата на ОН за коориднација на хуманитарните прашања, Марк Катс.

Покрај кризата со Рохинџите во западен Мјанмар, во северниот дел на земјата има судири во кои учествуваат дриуги етнички малцинства.

Качин се бори за поголема автономија. Се проценува дека околу 120.000 луѓе се раселени поради судирите во мјанмарските држави Качин и Шан.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска