Нови две палестински жртви при обид со ножеви да нападнат Израелци

Од:

Двајца Палестинци беа убиени денеска при обиди да нападнат со ножеви Израелци.

Рано утрото во центарот на Хеброн на Западниот брег, Палестинец нападнал со нож еврејски доселеник. Во Хеброн живеат околу 500 израелски доселеници под силно обезбедување на армијата. Доселеникот отворил оган при самоодбрана и го убил напаѓачот.

Неколку часа подоцна бил убиен вториот Палестинец кој во источен Ерусалим со нож се обидел да убие израелски војник при проверка на документи.

Напаѓачот бил застрелан од војниците.

Во новиот бран насилства што почна на 1 октомври загинаа 39 Палестинци и седум Израелци.

Би можело да ве интересира

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН