Нови детали за терористичкиот напад во Брисел

Од:

Жртви на терористичкиот напад во понеделникот вечерта во Брисел се двајца мажи на возраст од 70, односно 60 години, а третото лице, кое е тешко рането и се наоѓа во болница, исто така има 70 години, јавуваат белгиските медиуми.

Белгиските медиуми пренесуваат соопштение од шведското Министерство за надворешни работи во кое се вели дека 70-годишниот маж живеел во областа Стокхолм, а 60-годишниот во странство. Кај него е пронајден швајцарски пасош, па можно е да имал двојно државјанство на Шведска и Швајцарија.

Тие беа убиени во понеделникот вечерта околу 19.15 часот во близина на плоштадот „Саинктелете“ во Брисел. Тие беа облечени во дресовите на шведската фудбалска репрезентација која синоќа играше против Белгија. Местото на нападот е на околу шест километри од стадионот на кој се играше натпреварот и кој беше прекинат по првото полувреме.

Во нив пукал тунискиот државјанин Абдесалем Л., кој и покрај одлуката да го протера од Белгија, од пред две години илегално престојувал во земјата.

Абдесалем Л. ги следел жртвите кои излегле од таксо и потоа пукал кон нив од автоматско оружје. Третото лице тешко рането бил таксист, а напаѓачот побегнал.

Следеше потрага по него и безбедносната закана во Брисел беше подигната на највисоко ниво. Во вторникот наутро, по дојава од сведок, полицијата го лоцира во близина на кафуле во бриселската општина Шарбец. Полицијата интервенирала околу 7 часот и 30 минути и пукала и го ранила осомничениот, кој починал во болница.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Спасувачите во Москва затекнале ужас: Сите познати детали од терористичкиот напад

А1он

ВИДЕО: Терористички напад во Москва, има мртви и ранети

Предраг Петровиќ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

(ВИДЕО) Иран: Бомби разнесоа колона луѓе, повеќе од 100 мртви