Нови антикинески протести во Мјанмар

Од:

Во  Мандалеј, во централен Мјанмар, на брегот на реката Иравади, денеска повторно избувнаа протести против концесионерите на рудникот за бакар од Кина, кои, според локалното население, бесправно се шират на земјиште што не припаѓало на рудникот.

Околу 500 демонстранти, предводени од дваесетина будистички свештеници, пред конзулатот на Кина во овој град протестираат и против загадувањето на водата, предизвикано од флотацијата на рудникот.

Минатата недела полицијата, во обид да ги растури сличните протести уби една жена, а поради оваа случка жалење изрази и официјален Пекинг. Кина беше најголем поддржувач на воената хунта во Мјанмар. Антикинеските протести станаа секојдневие во Мандалеј, град што е 500 километри оддалечен од Јангун.

Сегашните, полувоени власти во Мјанмар се спротиставуваат на протестите и поради стравот дека тие ќе ги нарушат односите со Кина, која е водечки странски инвеститор во државата. Само од концесијата на рудникот за бакар Мјанмар годишно добива 140 милиони долари годишно.

Полицијата во Мандалеј овој пат се ограничи само на спречување на демонстрантите да влезат во кинескиот конзулат, а според официјалното соопштение, не е уапсен ниту еден од учесниците во протестот.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска