Нов контингент лични податоци, украдени од осум компании, се појави на продажба на Дарквеб, неколку дена по објавувањето дека 620 милиони хакирани интернет-налози се огласени за продажба на оваа интернет страница.
„Техкранч“ и „Форбс“ пишуваат дека станува збор за 127 нови хакирани интернет налози кои повторно ги продава иста личност или повеќе, криејќи се зад името „гностикплејерс“, а бараната цена е 14.500 долари во биткоини, што е пониска цена од претходната.
Во меѓувреме, огласот е тргнат, како што беше направено и со огласот за продажба на првата колекција податоци, за да се избегне премногу луѓе да купат исти хакирани налози.
Се претпоставува дека во новиот случај се работи за сериозно нарушување на приватноста, бидејќи кај претходниот контингент купувачот мораше сам да ја дешифрира лозинката, додека кај „гностикплејерс“ меѓу хакираните податоци веќе има лозинки и број на пасош.