Новата Европска комисија веројатно нема да ги преземе своите функции на 1. ноември

Од:

Стапувањето на должноста на новиот состав на Европската комисија, што треба да се случи на 1. ноември, е доведено во прашање по одлуката на Европскиот Парламент за отфрлање на номинацијата на поранешната премиерка на Словенија, Аленка Братушек, за заменик претседател на ЕК и еврокомесар за енергетика, соопшти неименуван извор од ЕУ.

– При сегашната состојба, Комисијата не може да ги преземе своите функции на 1. ноември, посочи изворот.

Тој додаде дека предлагањето нов кандидат и организирањето нови сослушувања во Европскиот Парламент може да го забави процесот до 1 декември, па дури и до јануари.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје