Новата Еврокомисија на Јункер од денеска почнува со работа: Економија, енергија и соседска политика се приоритетите

Од:

Новата Европска комисија предводена од Жан-Клод Јункер, денеска и официјално го започнува својот мандат што ќе трае до 31 октомври 2019 година, јави дописникот на МИА од Брисел.

По овој повод, претседателот на Еврокомисијата, Јункер, истакна дека благодарение на демократската поддршка на европските граѓани, на Европскиот парламент и на шефовите на држави и влади на змејите-членки на Европската унија, денеска новата Комисија ја презема функцијата.

– Сега е време да ги насукаме ракавите и да се фатиме за работа. Европските предизвици не може да чекаат. Почнувајќи од денес, мојот тим и јас ќе работиме напорно за да и овозможиме на Европа нов почеток кој го ветивме. Заедно со мојот силен и искусен тим, со нетрпение очекувам да и го испорачаме потребното на Европа во текот на следните пет години, изјави Јункер.

Со мотото “Предизвиците во Европа не може да чекаат”, Јункеровата Комисијата за прв пат стапува на функција на време, откако се спроведува нејзиниот избор од страна на Европскиот парламент во 1994 година, кога за првпат е избран Колеџот на комесари предводен од Жак Делор.

Почетокот на мандатот на Еврокомисијата предводена од Јункер го означи крајот на еден долг процес кој доведе до избор на новата неформална Влада на ЕУ. По првата паневропска изборна кампања, Жан-Клод Јункер беше предложен на 27 јуни од страна на Европскиот совет на Европскиот парламент, како кандидат за претседател на Комисијата. Европскиот совет на тој начин го испочитува резултатот на изборите за Европскиот парламент одржани во мај оваа година, каде триумфираше Европската народна партија (ЕПП) која го предложи Јункер за наследник на Жозе Мануел Барозо, а според член 17 (став 7) од Договорот за Европската унија. На 15 јули, поранешниот премиер на Луксембург беше избран од страна на Европскиот парламент со големо мнозинство на 422 гласови (а беше потребно мнозинство од 376 гласови), врз основа на политичките насоки кои ги претстави во Европарламентот. По овие избори и процесот на интервјуа со кандидатите за еврокомесари, новоизбраниот претседател ги избра и другите членови на Комисијата. Конечната листа на комесари беше договорена меѓу новоизбраниот претседател и Советот на ЕУ на 5-ти септември. Новоизбраниот претседател Јункер го презентираше својот тим и распределбата на портфолијата на 10-ти септември, по што следеа индивидуални сослушувања на комесарите во соодветните комисии на Европскиот парламент.

Врз основа на ова, а по корекција Јункер направени на неговиот тим за решавање на прашања покренати во расправите во Европскиот парламент (замена на кандидатката на Словенија, Аленка Братушек со Виолета Булц), Европскиот парламент ја даде својата согласност за целиот Колеџ на комесари со 426 гласови во корист (од 699 присутни европратеници), по што Европскиот совет ја назначи новата Европската комисија на Самитот на 23-ти октомври.

Инаку, во новиот состав на неформалната Влада на ЕУ, покрај Јункер како претседател ќе има уште седум потпретседатели, меѓу кои прв заменик на Луксембуржанецот ќе биде Холанѓанецот Франс Тимерманс, кој ќе ги има сите овластувања во случај на спреченост да го заменува Јункер. Потпретседател на ЕК ќе биде и Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Унијата, Федерика Могерини, а остнаатите 20 еврокомесари, меѓу кои и комесарот за соседство и преговори за проширување, Јоханес Хан, ќе мора да се координираат за својата рбаота со некој од потпретседателите.

Економија, економија, економија, енергетска ефикасност и независност и соседска политика се најголемите приоритети на новата Европска комисија, која доаѓа на чело на ЕУ по стреснито и тежок период на економска криза и криза во Еврозоната, што благодарение на Барозо и неговиот состав на Колеџ на комесари беше спречена да предизвика целосен колапс на европската економија и распад на Европската унија.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески