Нова теза на американските лекари: Ковид-19 не е респираторна, туку болест на крвните садови

Од:

Членовите на студискиот тим од американскиот универзитет во Сан Диего тврдат дека имаат доказ дека Ковид-19 не е респираторна туку васкуларна болест, пренесува Еуроњуз.

Ова, наводно, може да го објасни згрутчувањето на крвта кај некои ковид-пациенти и симптомите како што се ковид-стапала, кои не се класичен симптом на респираторна болест.

Студијата објавена во списанието „Сиркулејшн рисрч“, објаснува прецизно како вирусот ги оштетува клетките на васкуларниот систем.

Веќе е познато дека покрај различните симптоми, меѓу кои и респираторните, постојат и кардиоваскуларни проблеми кои влијаат на организмот.

Тимот кој работеше на студијата покажа како вирусот го напаѓа васкуларниот систем или крвотокот.

Протеинот С во вирусот го напаѓа рецепторот АЦЕ2, оштетувајќи ги митохондриите кои ги снабдуваат клетките со енергија и со тоа ги оштетуваат ендотелата кои ги обложуваат крвните садови.

Научниците го забележаа ова и претходно, но точниот механизам и улогата на С-протеинот досега не беа познати.

Потоа, тие создадоа псевдовирус за потребите на студијата, кој имаше само С-протеин, но е и остаток од вирусот, за да покажат во лабораториски услови дека протеинот е доволен за да се предизвика болест.

Ефектите врз респираторниот систем се последица на воспаление на васкуларното ткиво во белите дробови.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски