Нова студија на Универзитетот во Колумбија открива какво е влијанието на коронавирусот врз нашиот организам

Од:

Тимот од Медицинскиот центар Колумбија една од болниците што беше преплавена со пациенти уште од пролетта водејќи се низ сопствените искуства спроведе студија поврзана со пандемијата и дојде до сознание дека вирусот ги оштетува не само белите дробови, туку и бубрезите, црниот дроб, срцето, мозокот и нервниот систем, кожата и гастроинтестиналниот тракт.

Новата студија покажува дека коронавирусот го напаѓа буквално секој поголем орган во човечкото тело, директно оштетувајќи го, а исто така ја згрутчува крвта, срцето ја губи својата динамика во отчукувањето, бубрезите исфрлуваат крв и се појавува осип на кожата. Тоа предизвикува главоболки, вртоглавица, болки во мускулите, болка во стомакот и други симптоми, заедно со класични респираторни симптоми како кашлање и треска.

Според кардиологот Акрипи Гупта, треба на коронавирусот да се гледа како на „мултисистемска болест“.

„Постојат многу вести за згрутчувањето на крвта, но исто така е важно да се разбере дека значителен дел од пациентите претрпуваат оштетувања на бубрезите, срцето и мозокот, а лекарите треба да им дадат на пациентите ист третман наменет како на оние кои имаат респираторните заболувања, рече лекарот за Си-Ен-Ен.

Клетките што ги обложуваат крвните садови, во бубрезите, црниот дроб, панкреасот, респираторниот тракт, сите се покриени со „ACE2“ рецептори, кои вирусот може да ги користи за да ги зафати и зарази клетките, напиша тимот на Колумбија во својата студија.

Инфекцијата го активира имунолошкиот систем за да го одбрани човековиот организам. Дел од тој одговор вклучува производство на воспалителни протеини наречени цитокини. Ова воспаление може да ги оштети клетките и органите, а кога тоа ќе настане се појавуваат сериозни проблеми.

Згрутчувањето може да предизвика мозочни удари и срцев удар или можат да се сместат во белите дробови или нозете.

Оштетување на панкреасот може да го влоши и дијабетесот, а се покажало дека пациентите со дијабетес се изложени на најголем ризик од смрт како директни компликации предизвикани од коронавирус. Доколку нема соодветен третман, може да дојде и до оштетување на мозокот.

Вирусот штетно влијае врз имунолошкиот систем, ослабнувајќи ги Т-клетките што телото обично ги распоредува за да се бори против вирусните инфекции.

Лимфопенијата е маркер за нарушен имунитет на клетките и е регистиран кај 67 до 90 отсто од пациентите, велат истражувачите и додаваат дека нивните колеги лекари треба да ги третираат сите овие ефекти кога пациентите со коронавирус се наоѓаат на болничко лекување, соопштија од тимот на Колумбија.

„Гастроинтестиналните симптоми можат да бидат поврзани со подолго траење на болеста, но не се поврзани со зголемена стапка на смртност“ и тоа е добро, велат лекарите. Многу од ефектите на кожата, како што се осип и гној, исто така, исчезнуваат сами од себе, додаваат тие.

Би можело да ве интересира

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

А1он

Се зголемува бројот на заразени во Грција, регистрирани 203 нови случаи на Коид-19

А1он

Саудиска Арабија почнува со третата фаза на испитување на кинеската вакцина против Ковид-19

А1он

Во Албанија голем број новозаразени од Ковид-19, опозицијата обвинува за епидемилошка катастрофа

А1он

Грција: Петти ден по ред повеќе од 150 новозаразени

А1он

195 нови случаи на Ковид-19 во Бугарија во изминатото деноноќие

А1он