Хвон Јон-чол е назначен за нов вицемаршал на Корејската народна армија, соопштија агенцијата КЦТА.
Одлуката за неговото назначување на новата должнст е донесена од Централниот воен комитет на Корејската работничка партија и од Државниот комитет за одбрана, се наведува во соопштението на агенцијата.
Новиот воен заповедник го смени Ли Јон-хо, кој беше отстранет од должноста „заради здравствени причини“. Тој беше сметан за главен учител на новиот севернокорејски лидер Ким Џонг-ун.
Јужнокорејски аналитичари не веруваат во објаснувањето дека Ли Јон-хо бил ослободен од неколку влијателни функции од здравствени причини. Според нив, Ли јон-хо не изгледал болен, а и во Северна Кореја кога некој е болен, честа практика е неговите заменици да ги преземат неговите задачи, а тој да остане на функцијата.
Аналитичарите забележуваат дека на партиската конференција во септември 2010 година Ли Јон-хо бил номиниран на важни функции, но во април годинава, кога имало повторна можност, тој не бил унапреден.
Можно е тој да бил отстранет за да се демонстрира дека никој не може да ја оспорува власта на Ким Џонг-ун, дури и ако Ли Јон-хо никогаш директно не му се спротивставил на новиот лидер, забележуваат американски медиуми.