Нов силен земјотрес во кинеската провинција Сечуан

Од:

Силен земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди провинцијата Сечуан во југозапдна Кина, но засега нема податоци за предизвикани штети или жртви.

Епицентарот на земјотресот бил на 25 километри северозападно од градот Кангдинг, во западаната планинска област Сечуан, на длабочина од 16 километри по површината на земјата.

Американскиот геолошки институт објави дека земјотресот бил на 11 километри длабочина и дека бил со интензитет од 5,6 степени по Рихтер.

Во саботата истата провинција беше погодена од земјотрес со јачина од 5,9 степени, при што пет лица ги загубија животите, а десетина беа повредени.

Повеќе од 80.000 луѓе загинаа во силен земјотрес што на 12 мај 2008 година, го погоди Сечуан.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он