Во Источен Сибир во Русија забележана е рекордно најниската температура – во селото Ојмјакон измерени се минус 71 степени целзиусови.
Источносибирското село Ојмјакон е најстуденото и во исто време постојано населено место на Земјата. Во него живеат 500 луѓе, кои пак велат дека зимите во последните години се потопли бидејќи температурите се движеле меѓу минус 40 и минус 50 степени.
– Кога одев на училиште, се сеќавам дека секој ден беше минус 60, минус 61 степени. Така секоја година, барем десетина дена, вели дрвосечачот Алексеј Јегоров.
Селото Ојмјакон не е во најдобри односи со блиското село Верхојанск кое исто така го полага правото на титулата најстудено место на светот.
Според етнографот Тамара Васиљева „војната“ почнала со печатна грешка. Имено, во еден документ е наведено дека во 1885 година во Верхојанск е измерена температура од минус 67,8 степени целзиусови. Тоа беше причина за вековната кавга, вели Васиљева.